Роверот „Персевиренс“ на американската вселенска агенција НАСА забележал нешто необично на Марс - отпад. На фотографија направена од роверот на 13 јуни може да се забележи парче фолија.
Тимот кој стои зад роверот напишал на „Твитер“ дека веројатно станува збор за отпад кој потекнува од слетувањето на роверот на Марс во 2021 година.
Портпарол на тимот од НАСА, Ендру Гуд, потврдил дека на фотографијата се наоѓа термална покривка која веројатно паднала на планетата при слетувањето на роверот, што се случило на оддалеченост од 2 километра.
Не се знае дали таа паднала на истото место или била поместена од ветерот.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Twitter