X
 26.03.2024 Живот

Фезер: Германија привремено ја враќа граничната контрола за Европското првенство во фудбал

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави дека привремено ќе бидат обновени проверките на сите граници на Германија за време на Европското фудбалско првенство летово.

- За времетраењето на првенството привремено ќе вршиме проверки на сите германски граници за да спречиме влез на територијата на земјата на луѓе склони кон акти на насилство - рече Фезер во интервјуто објавено денеска во „Рајнише пост“.

Според неа, мерката е неопходна за да се обезбеди најдобра можна заштита на важниот меѓународен настан.

- Акцентот ќе биде ставен на заштитата од екстремисти, хулигани и други сторители на насилни акти, важен фокус ќе биде и безбедносната мрежа од сајбер-напади. Нашиот фокус е најмногу на овие актуелни закани - рече Фезер.

Евро 2024 ќе почне на 14 јуни, а финалето е на 14 јули.

Меѓутоа, во последниве години Германија повеќе пати го искористи своето право да ги заостри граничните контроли поради зголемениот прилив на мигранти и баратели на азил.

Проверките беа вратени и на границата со Австрија во 2015 година и остануваат во сила до денес.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот