X
 28.09.2017 Живот

Големи промени за границите во Европа

ey
Фото: iStock

Европската Унија планира да ги ажурира правилата за слобода на движењето и да им овозможи на земјите-членки да ги зголемат граничните контроли од безбедносни причини.

Европската комисија го објави овој потег во средата, по серијата терористички напади во Франција, Германија и во Шпанија. Комисијата изјави дека привременото ажурирање ќе се применува во период од три години, а дејствува како одговор на потребата за борба против постојаните сериозни закани за јавната политика и внатрешната безбедност.

„Правилата на Шенген за повторна контрола на внатрешните граници беа создадени во различно време, со различни последици“, изјави првиот потпретседател Франс Тимерманс.

„Исклучителните околности што ги гледаме сега, како што е зголемената закана за тероризам, нè натераа да предложиме Шенгенски граничен кодекс за оваа цел“, додавајќи дека на земјите-членки треба да им биде дозволено да дејствуваат кога ќе се соочат со сериозни закани за нивната јавна политика или внатрешна безбедност.

„Истовремено, треба да дејствува само под строги услови. На тој начин ќе се обезбеди слободно движење и ќе се промовира безбедноста во шенген-зоната“.

Шенген-зоната се однесува на 26 европски земји чии 400 милиони жители можат лесно да патуваат меѓу нив - што доведува до повеќе од 1,25 милијарда патувања помеѓу државите на годишно ниво.

Франција е доста популарна туристичка агенција, меѓутоа, по серијата терористички напади, земјата мораше да воведе остри мерки на границите.

Промените значат дека земјите ќе можат повторно да воведат гранични проверки, шест месеци, поради безбедносни причини, и две години доколку постои закана за границите, како што е миграционата криза во Европа.

Комесарот на ЕУ за миграции, внатрешни работи и државјанства, Димитрис Аврамополус, изјави дека Шенгенскиот договор е големо достигнување и дека Европа е посветена на негово зачувување.

„Но во една заедничка област каде што нема гранична контрола, често се појавуваат безбедносни грижи. Затоа мораме да сториме сé што е во наша моќ за внимателно да ја зачуваме рамнотежата помеѓу слободното движење и мобилноста од една страна и безбедноста, од друга страна“, изјави тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот