Исландската компанија „Вау ер“ бара двајца пријатели што сакаат заедно да патуваат низ светот ова лето. Задачата ќе им биде да прават влогови и да пишуваат блогови за искуствата што ќе ги доживеат, а, се разбира, за тоа ќе им следува надоместок.
Фото: Thinkstock
Нискобуџетната авиокомпанија на 23 април објави оглас во кој се наведува дека бара интересна двојка што има капацитет да мисли „големо“.
Избраната двојка од 1 јуни до 15 август ќе биде сместена во апартман во Рејкјавик, а заработувачката ќе им се исплаќа месечно.
Таму ќе им биде базата од каде што ќе одат на разни дестинации во Европа и во Северна Америка, а во меѓувреме ќе го истражуваат и Исланд.
Исто така, ќе имаат слобода сами да ги избираат дестинациите што ќе ги посетуваат – на пример Стокхолм, Барселона, Лос Анџелес или Њујорк.
Месечната заработка ќе изнесува 3.300 евра, покрај веќе обезбедени сместување, превоз и туристичките тури низ Исланд.
Нивна задача ќе биде своите содржини – блогови, фотографии, гифови и други објави – да ги споделуваат на интернет, но и на страницата на авиокомпанијата.
На огласот можат да се
пријавуваат сите заинтересирани лица, без оглед на местото на живеење. Со пријавата треба да достават и двеминутна видеоснимка на која инвентивно ќе го претстават својот град.
Пријавувањето трае до 14 мај, а четири дена подоцна компанијата ќе ги соопшти имињата на избраната двојка.
Сите заинтересирани можат да се пријават
ТУКА.