X
 09.04.2019 Живот

Не се враќа наскоро во употреба - продолжена одлуката за откажување на „боинг 737 макс“

„Американ ерлајнс“ соопшти дека и по 5 јуни ќе ја продолжи одлуката за откажување на летовите на авионите од типот „боинг 737 макс“, по двете несреќи во период од пет месеци.

Авиокомпанијата претходно објави дека ќе откажува приближно 90 лета дневно до 24 април. Продолжувањето сигурно ќе предизвика револт меѓу патниците, а и нарушување на индустријата.

„Боинг“ работи на поправка на недостатоците на софтверот на авионите по двете фатални несреќи и меѓународната истрага. Во петокот објави дека планира да го намали производството на „737 макс“ почнувајќи од средината на април.

„Американ ерлајнс“ има околу 24 „боинг 737 макс“ и изјави дека чека информации од американските регулаторни тела. Клиентите погодени од откажувањата на летовите ќе бидат контактирани од американски претставници со достапни резервации.

- Знаеме дека овие откажувања и промени може да влијаат врз голем дел од нашите клиенти, така што работиме на ограничување на влијанието на најмал број - изјавија од компанијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот