За да изразите интерес за вакцина против Ковид-19, треба да се пријавите на веб-страницата
www.vakcinacija.mk.
Министерството за здравство информира дека е пуштена во употреба веб-страницатата.
Граѓаните кои сакаат да примат вакцина против Ковид-19 потребно е да ја пополнат апликацијата за искажување заинтересираност.
-Со пополнувањето на формата, се регистрирате директно во националниот систем „Мој Термин“. Сите апликации кои ќе пристигнат ќе бидат внесени во оваа база, со што ќе се ажурира податокот кој за секој пациент го гледа матичниот лекар. Нема потреба дополнително пациентите да го бараат или информираат својот матичен лекар дека се регистрирале за да примат вакцина. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ги повика и ќе ги информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата - информираат од Министерство за здравство.
Вакцинирањето е доброволно.