X
 09.11.2018 Забава

Брилијантна идеја на еден патник да ги заобиколи правилата за багаж

„Рајанејр“ ја промени политиката поврзана со багажот, но еден патник пронајде доста интелигентен начин да го заобиколи тоа.

Ли Симино, турист од Стафордшир во Велика Британија, открил начин како да ги заобиколи правилата на авиокомпанијата и да одлета во Белфаст.

Тој ја резервирал картата по неколку дена откако „Рајанејр“ вовел нови даноци на багажот. Ирската авиокомпанија почна да наплаќа помеѓу 11,70 и 15,60 долари за рачен багаж или речиси 20 долари ако го предадете.

За да го избегне плаќањето, тој својот долг капут го однел на шнајдер и од него направил патна торба со многу џебови. На неговиот фејсбук-профил поставил и видеоспот во кој објаснува како изгледа пакувањето. Во своето палто успеал да стави тренирка, шорц, маица, крпа, чорапи и гаќи.

Погледнете како поминал низ обезбедувањето на аеродромот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава