X
 07.08.2015 Здравје

Родителите на пет од шест невакцинирани деца ја поддржуваат вакцинацијата

Поголемиот дел од невакцинираните деца имаат родители кои не се противат на имунизацијата, велат најновите истражувања.

 

deca


Истражувачите на Универзитетот во Аделаида анализирале 9.3% од децата кои се делумно вакцинирани или не се вакцинирани, и открија дека само 1 од 6 имале родители кои не се согласувале да бидат вакцинирани.

„Нешто друго стои на патот“, вели вонредниот професор Хелен Маршал.

Најголемите бариери за вакцинизација вклучува слаб пристап на здравствени услуги, самохран родител или дете кое живее во многу големо семејство, откриваат истражувањата.

„Социо-економските неповолности се важна причина зошто родителите имаат деца кои се делумно вакцинирани или не е вакцинирани воопшто“, додава професорката Маршал.

Истражувањето исто така покажа дека постои голема веројатност децата со хронични медицински состојби да не се вакцинирани. Тоа е затоа што докторите не сфаќаат дека дополнителните вакцини се препорачуваат за деца со одредени медицински состојби.

Алтернативно, можеби постои загриженост за тоа дека дополнителните вакцини може да имаат негативен ефект кај веќе болните деца, вели таа.

Истражувањето испитуваше повеќе од 5.000 деца на возраст од 3 до 19 месеци, чиишто родители биле замолени да покажат евиденција за вакцина, а исто така биле прашани за тоа кој е нивниот став за вакцините.

„Истражувањето открива дека поголемиот дел од родителите на делумно вакцинираните деца се за вакцините, па потребно е да ги отстраниме бариерите кои ги искусиле овие семејства“, вели Маршал.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје