На автомобилите постојат многу ситници чија функција не ја знае речиси никој.
Една од тие ситници е малиот отвор на дното на вратата што го имаат многу автомобили, а тоа е канал или одвод каде што се собира вода.
Кога го миете автомобилот или по силен дожд, во вратата може да се насобере нечистотија и вода поради лошиот спој меѓу гумите. Водата можете да ја испуштите на едноставен начин. Доволно е да го извадите гумчето од отворот и насобраната вода сама ќе истече.