Психолозите мислат дека ограничувањата ги прават децата помирни. Меѓутоа, некои забрани можат да предизвикаат сосема спротивен ефект и да доведат до тоа детето да се чувствува несигурно и загрозено, а родителите да испаднат лоши.
Ако сакате детето да израсне во здрава личност, тогаш никогаш не му забранувајте:
1. Да поставува прашања
Додека детето расти, учи нови нешта за светот и сосема е нормално да сретне работи кои не му се јасни и за кои е потребно да поставува прашања. Можеби на родителите им е тешко да одговорат на сите прашања кога ќе се вратат изморени од работа, но квалитетното време поминато со најмилите им помага да се развиваат во правилна насока и да создадат силни врски кои ќе опстанат и кога децата ќе пораснат.
2. Да плаче
Сите нешта децата ги доживуваат многу поинтензивно од возрасните. Немојте на детето да му забранувате да плаче, нити да преземете што и да е друго што би можело да го посрамоти заради тоа. Подобро е да му помогнете да сфати зошто плаче и како да излезе на крај со проблемот.
3. Да вели „не“
Детето не ви е ваш поданик, туку член на семејството со свои права. Наместо да му забранувате нешто да одбие, обидете се да постигнете договор или пронајдете начин да му објасните зошто понекогаш мора да направи нешто што не сака.
4. Да биде гласно
Не му го уништувајте детството на детето и дозволете му да пее и да испушта гласни звуци. Станува збор за еден дел од животот кога тоа можат да го прават целосно слободно.
5. Да биде уплашено
Малите деца може да се плашат од лекари или од чудни роднини и тоа е сосема во ред. Немојте да ги напаѓате поради тоа, но објаснете им дека нема причина да се плашат.
6. Да има тајни
Како што ќе расте, детето ќе има потреба од повеќе приватност. Треба да знаете што му се случува во животот, но внимавајте да не претерате. Довербата на децата нема цена и затоа немојте да ризикувате да ја изгубите ако посегнете по нивниот дневник или ако ги присилувате да издадат некоја тајна.
7. Да биде бесно и љубоморно
И детето е личност и има право на негативни емоции. Запаметете дека неговата волја сѐ уште не е силна и дека има проблем да се контролира.
8. Да прави грешки
Никој не сака да прави грешки, а уште полошо е кога поради тоа ќе бидете прекорени од возрасна личност. Немојте да се чудите ако после тоа детето нема желба да прави што било.