Ви донесуваме некои од најубавите цитати за наставниците - но и нивните ученици.
„Идните 50 години нема да биде важно кој автомобил го возите, во каква куќа живеете, колку пари имате во банката или каква облека носите. Но светот ќе биде барем малку подобар ако одиграте важна улога во животот на детето“. (Непознат автор)
„Ако кон човек се однесувате како да е она што треба да е и што може да биде, тој ќе стане она што треба и она што може да биде. (Гете)
„Јас сум само еден од многуте. Но јас сум само еден. Не можам да направам се`, но можам да направам нешто. Бидејќи не можам да направам се`, нема да го одбијам да го направам она што можам“. (Едвард Еверт)
„Знаењето не е да знаеш дека знаеш, туку знаењето да го дадеш“.
„Душата оздравува кога е со децата“. (Достоевски)
„Не го предава наставникот она што сака, не го предава наставникот она што го знае, наставникот го предава она што е“.
„Наставата е многу полесна отколку одгледувањето. За наставата мора нешто да се знае. За одгледувањето мора нешто да се биде. (Адалберт Стифтер)
„Разговарај со момчето како да е возрасен човек, така нема да згрешиш“. (Матошец)
„Онолку колку што веруваме во можноста и вредноста на другиот толку и напор вложуваме во тоа“. (А. Моугноте)
„Децата кои уверуваме дека се лоши, верувајќи дека навистина е така, така и мораат да се однесуваат, а после се чудиме зошто се такви кон нас“. (П. Хаук)
„Полесно е да викате на детето или да го плеснете отколку да му помогнете да испланира ефикасно однесување“. (Суло)
„Никој кој поради лаги добил ќотек на тој начин не научил да ја сака вистината“. (Гете)
„Најмногу што образованието може да му овозможи на детето во неговиот развој е да му помогне и да го насочи кон подрачјето на кое неговата надареност најмногу му одговара, каде ќе биде задоволно и стручно“. (Голман)
„Секој може да се налути - тоа е лесно. Но да се налути на вистинска личност, до соодветен степен, во вистинско време, за вистинска причина, на вистински начин - не е лесно“. (Аристотел)
„Најголемата надеж на секоја земја лежи во доброто образование на младите“. (Еразмо)
„Најдобрите наставници воедно се и оние кои најмногу бараат: тие од учениците бараат да размислуваат“. (Гласер)