X
 10.09.2016 Живот

Науката открива како за брзо време да ги усовршите вашите вештини

Без разлика дали се обидувате да станете професионалец во „Photoshop“ или да ги подобрите вашите тенисерски способности, или пак сакате да се усовршите во свирење на одреден инструмент, сигурно го следите советот дека со пракса вештините се усовршуваат.

 

учење


Меѓутоа, спротивно на популарните верувања, повторувањето на истата активност повторно и повторно можеби и не е најефикасниот начин да научите одреден концепт.

Традиционално, научени сме да ја користиме стратегијата на „блокирање“ која ни вели постојано да повторуваме една идеја се' додека не ја совладаме, пред да продолжиме на следниот концепт. Меѓутоа, неколку нови невролошки истражувања покажуваат дека еден нов метод на учење ја подобрува способноста да ги задржите и да усвоите нови вештини. И овој концепт се покажа како многу подобар од традиционалниот начин.

Концептот наречен „interleaving“ ви овозможува да учите во текот на подолг временски период и ги препушта на случајот информациите со кои се среќаваме кога учиме нова вештина. Така на пример, наместо да учите еден акорд се' додека не го усовршите, треба да тренирате неколку акорди наеднаш во пократки периоди.

Во продолжение ви нудиме неколку практични начини преку кои можете да ја вежбате оваа метода и да го истренирате мозокот полесно и побрзо да усвојува нови вештини.

Практикувајте неколку вештини паралелно


Без разлика дали се обидувате да ги подобрите вашите моторни вештини или когнитивни способности за учење, клучот за трансформирање како мозокот ги обработува новите информации е да се пробие навиката за учење на еден аспект на вештина. Предноста на овој метод е тоа што не му дозволува на мозокот да „влезе“ во неговата удобна зона или да ги складира информациите во вашата краткорочна меморија. Наместо тоа, оваа метода предизвикува вашиот мозок интензивно да се фокусира и да го реши проблемот на секој чекор од патот, што резултира во складирање на информациите во вашата долгорочна меморија.

Планирајте ги лекциите однапред

Бидејќи рандомизацијата и поделбата на лекциите се клучни во овој метод, обидете се да испланирате кога и што сакате да покриете во одредена лекција.

Мислете на тоа како планирање при вежбање. Ако знаете дека треба да работите на нозете одреден ден, тогаш ќе можете да создадете план кој ќе ви помогне да ја постигнете таа цел.

Вратете се на основата

Кога напредувате во нови вештини, лесно е да заборавите да го практикувате постариот материјал. Но, враќањето на основата е интегрален дел од процесот. На тој начин го зајакнувате мозокот и долгорочната меморија за одредена вештина. Ова ќе резултира во подобро целокупно задржување на вештината.

Следете го вашиот напредок

Со следење и запишување на вашите резултати на мерлив начин, вие ќе останете мотивирани и поттикнати да продолжете со исто темпо на работа.

Излезете од вашата удобна зона

Често пати навикнати сте на задачите кои постојано ги повторувате и за кои имате основно разбирање, па така тие се создаваат во вашата удобна зона. Со новиот метод се чувствувате прилично непријатно на почеток, особено кога се обидувате вештини од нов аспект и кога не успевате.

Кога ќе сфатите дека праксата не значи совршенство и дека секој чекор е нов кон пронаоѓање на вештина е чекор напред, тогаш ќе имате победнички став.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот