Сите ние некогаш сме добиле брилијантна идеја за производ која би ни го олеснила животот доколку би можела да биде претворена во реалност. Со таа мисија на ум, британскиот уметник и дизајнер Доминик Вилкокс, самиот ексцентричен иноватор, побарал од над 450 деца да нацртаат идеи за изуми. Тогаш, тој побарал од локалните производители да му помогнат да одбере цртежи кои би можеле да станат производи.
Проектот започнал изминатата година со повеќе работилници во Сандерланд, Англија. Од 600 цртежи биле одбрани 60 кои им биле дадени на локалните дизајнери, кои ги претвориле цртежите во вистински, понекогаш и функционални, предмети.
Меѓу предметите има и кацига со ЛЕД-светло за деца уплашени од мрак, изладувач за храна кој пушта ладен воздух на жешката храна пред да влезе во устата итн. Производите биле изложени во градот до изминатата недела.
Вилкокс изјавил дека производите ќе им бидат вратени на младите иноватори.
Изумите погледнете ги во галеријата.