X
 26.05.2022 Технологија

Телефоните „виво“ отсега достапни и во Македонија

Кинескиот производител на мобилни телефони „Виво“ ги лансира своите производи на македонскиот пазар.

На нашиот пазар ќе бидат понудени 5 телефони, вклучувајќи и модели кои поддржуваат 5Г-мрежа и модели со камера „цајс“ (Zeiss). Цените на понудените модели се движат од 11.999 до 24.999 денари. 


Фото: Vivo

За почеток, телефоните „виво“ ќе се продаваат во синџирите за бела техника и електроника „Нептун“, „Сетек“ и „Риверсофт“. Подоцна се очекува моделите „виво“ да бидат достапни и во продавниците на телекомуникациските оператори „А1 Македонија“ и „Македонски телеком“.

Компанијата „Виво“ има над 400 милиони корисници во светот. Основана е во 2011 година, а од 2020 година е присутна и во Европа.

Во регионот, телефоните „виво“ веќе се достапни во Србија, Црна Гора, Грција и Босна и Херцеговина, а се очекува лансирање и во Хрватска, Словенија, Бугарија и во Албанија.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија