X
 20.02.2019 Технологија

Русија и законски ќе им забрани на војниците да користат мобилни

Руските пратеници одобрија нацрт-закон со кој на воениот персонал му се забранува да користи паметни телефони кога е на должност, потег наменет за да се спречи појавување на чувствителни информации на социјалните мрежи.

Предлог-законот одобрен од Долниот дом вчера, исто така, им забранува на војниците да објавуваат фотографии, видеа и информации за себе, за други војници и нивните роднини на интернет.

Новото законодавство ги формализира ограничувањата за користење паметни телефони и таблети претходно наредени од страна на Министерството за одбрана.

Само стари телефони што немаат интернет нема да бидат забранети.

Целта на овој потег е да се заштитат руските тајни воени информации од странски разузнавачки служби.

Руските војници на најпопуларните социјални мрежи во Русија, ВКонтакте и Одноклассники, често објавуваат детали за тоа каде се испратени.

Ова овозможи неколку руски операции да бидат откриени во Источна Украина, иако Москва тврдеше дека нема распоредени војници таму.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија