X
 26.05.2023 Живот

Мудри кинески изреки: „Една радост отфрла сто грижи“

Постојат мудри изреки кај сите народи и на сите јазици. Тие најчесто се пренесуваат од генерација на генерација. Во продолжение се дадени прекрасни, мудри кинески изреки од кои сите може да научиме нешто.

- Бидете внимателни кога посакувате нешто. Може да се оствари.

- Дури и кога илјада луѓе веруваат во глупава работа, таа сепак останува глупава.

- Една радост отфрла сто грижи. - Штом ја запознаеме болеста, поблиску сме до оздравување.

- Во моменти на успех не заборавај ги своите неуспеси.

- Личноста што ги сака другите е личност која другите ја сакаат.

- Кога луѓето зборуваат за иднината, боговите се смеат.

- Да го збогатиш духот, а да му олесниш на срцето, да го одмориш јазикот, а да ги измориш рацете, полека да јадеш и бргу да спиеш - во тоа е целата мудрост.

Извор: Ona
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот