Чарлс Дикенс е автор кој можеби голем дел од вас го знаат затоа што неговите книги веројатно сте ги читале додека сте оделе на училиште.
„Оливер Твист“, „Големите исчекувања“, „Божиќна приказна“ се само некои од неговите книги што дефинитивно треба да ги прочитате.
Дикенс се смета за најуспешен и најпознат англиски романописец кој пишува интересно, духовито и живо, комбинирајќи го реализмот со бајковидни елементи, факти и детали од фантазијата.
Неговите романи често ги истражуваат љубовта, богатството, сиромаштијата, борбата помеѓу доброто и злото и слично. Неговите зборови и мудри мисли се применлви и денес, и тие потсетуваат на најважните работи во животот: љубовта, смеата, добрината.
- Болката од разделбата не е ништо во споредба со радоста што ја носи повторната средба.
- Имај срце кое никогаш не скаменува, темперамент што никогаш не се уморува и допир што никогаш не повредува.
- Ние ги коваме синџирите што ги носиме во животот.
- Не постои ништо посилно или посигурно во животот како едноставната вистина.
- Само барам да бидам слободен. Пеперутките се слободни.
- Постојат книги чија заднина и корица се најдобриот дел.
- Правете го она што е мудро и добор и извлечете го најдоброто, а не најлошото од луѓето.
- Размислувајте за работите што ги имате моментално, а сите ги имаме во изобилие. Не размислувајте за несреќите од минатото, кои сите сме ги доживеале.
- Нема ништо толку заразно во светот колку смеата и добриот хумор.
- Срце што љуби крие најголема мудрост.
- Среќата е подарок и трикот лежи во тоа да не ја очекувате, туку да ѝ се радувате кога ќе се појави.
- Семејството не мора да се состои само од оние со кои сме крвно поврзани, може да се состои и од оние на кои би им ја дале нашата крв.