Викториините Водопади се едни од најголемите и највозбудливите водопади во светот. Тие се широки колку целата река Замбези на која се наоѓаат, а тоа е над 1,5 километар. Водопадите течат преку работ на вулканска карпа и паѓаат од висина од 100 метри. На места каде што паѓа водата се создава чад што може да се забележи на десетици километри оддалеченост, поради што населението го нарекува „Чад што грми“.
Но, оваа природна граница меѓу Замбија и Зимбабве полека се суши веќе 2 милиона години, но промените во циклусот на врнежите предизвикани од климатските промени особено ја загрозуваат иднината на познатите водопади. Поради нив, овие водопади се посуви и потопли.
Во овој регион растат и температурите. Јужноафриканскиот истражувач Каитано Дубе открил и објавил дека температурата од 1976 до 2017 година пораснала за 6,8 степени. Исто така, минатата година оваа област претрпела најголема суша од почетокот на векот.
Фото: Instagram
Овие екстремни временски услови не само што го загрозуваат водопадот, туку ги загрозуваат и неговиот екосистем и локалната економија. „Гардијан“ објави извештај во кој вели дека минатогодишните суши предизвикале прекин на електричната енергија и во Замбија и во Зимбабве.
Вода на животот
Маглата создадена од водопадите создава екосистем сличен на дождовните шуми. Границата помеѓу Замбија и Зимбабве се наоѓа на средината на текот на реката Замбези, а од двете страни на реката се наоѓаат национални паркови. Клисурите и карпите под водопадот се главна територија за предатори, особено соколи и црни орли.
Праисторија
Луѓето со векови се потпираат на водопадите. Камените артефакти пронајдени во близина на водопадите покажуваат дека луѓето тука живееле пред 2 милиона години.
Туризам
Денес туризмот е од суштинска важност за одржлив економски развој. Секоја година водопадите ги посетуваат стотици илјади луѓе од целиот свет.