X
 26.06.2020 Технологија

Ја тестиравме серијата P40 на „Хуавеј“– пркос пред системските навики кој ќе го обожавате

Освен свежината и убавината на надворешниот дизајн, телефоните на „Хуавеј“ секогаш ни носат и свежина и во системската содржина. Тие им пркосат на стандардните навики и поставуваат нови стандарди во еволуцијата на телефоните. Доказ за тоа е и серијата P40, чиј единствен минус е голем плус. Ако не ви е јасно за што точно станува збор, веднаш ќе ви кажеме – кај новата серија телефони на „Хуавеј“, P40 (P40 Pro, P40 lite, и P40 lite E), нема апликации на „Гугл“, а со тоа нема ни PlayStore, туку има Huawei Mobile Services.

А дали тоа ќе ви направи некоја разлика? Секако дека не. Имено, системот на „Хуавеј“ е направен така што одговара и за оние што сакаат да пробаат нешто ново и за оние што се приврзани за нештата на кои веќе се навикнале, без разлика дали имаат време или не за простување со стариот телефон во форма на префрлање нешта.

Одиме чекор по чекор. Зошто серијата P40 го заслужува вашето внимание освен поради прекрасниот надворешен изглед? Да ѕирнеме во внатрешноста.



Секогаш кога ќе купиме нов телефон, првото на што помислуваме е префрлање на омилените нешта од стариот телефон. Ако сте уморни од тоа или ви е смачено, тогаш телефоните од оваа серија се идеални. „Виновник“ за тоа е апликацијата PhoneClone.

PhoneClone е неверојатна апликација која речиси буквално го клонира стариот во новиот телефон. За секој андроид-смартфон тоа подразбира и апликации. На овој начин ќе имате сѐ на што веќе сте се навикнале – уште од почетокот на користењето.

Доколку вашиот стар телефон исто така е „Хуавеј“, веројатно апликацијата однапред ви е инсталирана, но ако вашиот стар телефон е друг андроид-телефон, апликацијата можете да ја преземете со помош на PlayStore. Ако, пак, користевте iOS, апликацијата можете да ја преземете од AppStore и да ги клонирате податоците, фотографиите, видеата и другите работи, но не и апликациите.

Како и да е, осигурете се дека апликациите PhoneClone на двата телефона се апдејтирани. Исто така, можете да изберете што да клонирате, а можете и да ја употребите апликацијата подоцна за да клонирате некоја апликација од друг андроид-смартфон.


Сигурно се прашувате како ќе преземате нови апликации без PlayStore. Не грижете се, решението за тоа е многу едноставно.

Оваа серија доаѓа со специјална „продавница“ на „Хуавеј“ за глобални и локални апликации, која се вика AppGallery и првпат беше лансирана во 2018 година.



AppGallery постојано се развива и се збогатува со сѐ повеќе апликации. Се развива многу брзо, но ако сѐ уште не можете да најдете нешто што ви треба, има неколку начини на кои можете да го извлечете максимумот од вашата нова омилена направа од серијата P40.


Кога ви е потребна нова апликација, побарајте ја во AppGallery. Ако ја нема таму, има уште една добра опција: MoreApps.

MoreApps е апликација која може да ја најдете во AppGallery. Можете да ја инсталирате и да барате апликации. Има опција за пребарување и може да сугерира најдобри три опции од она што го барате. Може да има линкови до AppGallery, до интернет-верзии или до работните верзии на апликацијата од други продавници, како на пример ApkPure, ApkMirror, Amazon итн. Секако, можете да ги користите и нив, но во MoreApps имате директни линкови до вистинската верзија од апликацијата.

Интерфејсот на MoreApps е свеж и пријателски за корисникот, а вклучува и дел за апдејти, па можете да видите што треба да апдејтирате.



Откако ќе ги пробате сите начини за инсталација на апликации, ќе видите дека се едноставни и не го менуваат корисничкото искуство, па работата на телефонот си тече сосема нормално, а вие за само неколку часа веќе сте вљубени во новиот телефон.

Секако, во тоа голем удел имаат и другите адути на телефоните.

Познатата возбуда при отпакувањето на новиот телефон и обземањето од мирисот на нова технолошка направа нема да ве напуштат по вклучувањето и преземањето на омилените апликации. Долго време ќе го загледувате телефонот и ќе истражувате сѐ по ред, а онoj што нас најмногу нѐ воодушеви беше Huawei P40 Pro со алуминиумска рамка, од кој долго време не можевме да го оттргнеме погледот.

Во овој свет на социјални мрежи, сигурни сме дека најмногу ќе ве интересираат камерите.


За оние што обожаваат да (се) фотографираат, го препорачуваме P40 Pro, кој од целата серија носи најмногу мегапиксели и можеме слободно да кажеме дека е апарат со вграден смартфон. Исто така, тој може да ви биде фаворит и поради меморијата или поради прегледноста што ја овозможува големиот екран од 6,58 инчи.



P40 lite и P40 lite E се за оние што се задоволни и со не толку големи екрани и послаби селфи-камери, а сакаат телефон по пристапна цена.
За централната обработувачка единица (ЦОЕ), или подобро кажано процесорот, и деталите за камерите и другите перформанси, изготвивме мала табела според која може да одлучите кој е вистинскиот телефон за вас.



Серијата P40 им пркоси на навиките и е најава за нешто сосема ново во нашите мали сакани паметни телефони. Се надеваме дека ве поттикнавме да ја истражите и дека ви помогнавме при изборот на нов телефон... или камера со телефон, како сакате.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија