X
 26.06.2021 Култура

Највлијателните филмови во 21. век

Можеби не ви изгледа така, но помина една петина од овој век. Досега видовме многу квалитетни филмови во 21. век чие влијание можеби ќе се цени и за сто години. Во продолжение се неколку кои веројатно ќе останат запаметени како највлијателни.

„Паразит“ (2019)

Овој филм беше награден со Оскар за најдобар филм и најдобар меѓународен филм во 2019, а истиот наиде на позитивни реакции ширум светот. Филмот е за членови на сиромашно семејство кои постепено, еден по еден, се вработуваат во богато семејство. Во филмот има и црн хумор, драма, но и ужас, а сето тоа е спакувано во врвна режија и сценографија.



„Рома“ (2018)

Филмот е дело на режисерот Алфонсо Куарон, а снимен е во црно-бело. Тој го започна трендот на номинирање филмови за награди на платформа за гледање филмови, како „Нетфликс“.


„Излези“ (2017)

По феноменалните реакции на премиерата на „Санденс“, филмот беше номиниран и за Оскар и покажа дека и хорорите може да бидат релевантни. Режисерот Џордан Пил, дотогаш познат само како комедијант, разгледува важни теми во филмот кои се актуелни и денес.


„Шкафче на болката“ (2008)

Жените сценаристи и режисерки дури сега добиваат повеќе место во јавноста, а овој филм можеби придонел кон тоа. Кетрин Бигелоу ја режирала драмата за војниците кои мора да онеспособат експлозивна направа во Ирак за време на војна и потрага по Бин Ладен. Бигелоу станала првата жена што добила Оскар за режија, а филмот го победи и „Аватар“.


„Железен човек“ (2008)

Постоеле квалитетни филмски верзии на приказните од стриповите и пред овој филм, но овој филм го означи почетокот на филмскиот универзум на „Марвел“. Шармот на Роберд Дауни Џуниор стана еден од заштитните знаци на филмовите на ова студио и доведе до големи успеси и на идните филмови.


„Борат“ (2006)

Кој би помислил дека фиктивниот казахтански новинар кој патува низ САД може да биде добра идеја за главен лик? Веројатно никој освен Саша Барон Коен, кој го изненади светот со филмот, а ликот на Борат стана еден од неговите заштитни знаци.


Извор: DDL
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура