X
 02.12.2021 Забава

Куќата од „Сам дома“ може да се изнајми на „Ербиенби“

Најпознатиот божиќен филм може да стане реалност за некого оваа зима. Оригиналната куќа што била искористена за снимањето на филмот „Сам дома“ се изнајмува на еден ден на платформата „Ербиенби“. Куќата се наоѓа во Илиноис, во близина на Чикаго.

Среќните гости ќе бидат пречекани од актерот Девин Ратреј, кој го игра постариот брат на Кевин, Баз во филмот. Во домот ќе има елементи кои се во филмот, како замките на Кевин, брза храна од 90-тите години и пајакот на Баз. Домот ќе биде украсен за божиќните празници.

Во рамките на промотивната кампања за филмот, „Ербиенби“ ќе направи донација за детска болница во Чикаго.

Заинтересираните може да побараат резервација од 7 декември, а ќе биде избран еден среќник што ќе престојува во домот на 12 декември.


Извор: Mashable
Фото: Airbnb
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава