Ако некогаш од лекар сте добиле рецепт напишан на рака или сте се обиделе да откриете што напишал во вашата книшка, веројатно не сте успеале во тоа.
Понекогаш се чини дека лошиот ракопис е еден од условите за диплома на медицински факултет.
Можеби никогаш не сте размислувале за тоа, но доколку обрнете внимание, ќе забележите дека лекарите мораат да пишуваат повеќе од другите луѓе.
- Во медицината, ако не е документирано, тогаш не се случило. За сето она што сте разговарале со пациентот зад затворени врати, потребна е писмена документација што тоа го потврдува - објаснуваат лекарите.
Долгиот работен ден во комбинација со многу документи значат уморна рака. Ако пишувате 10 до 12 часа дневно и тоа со сопствената рака, тешко можете да очекувате дека ќе добиете пофалба за вашиот ракопис. На повеќето лекари им се влошува ракописот во текот на денот бидејќи мускулите на раката се преоптеретени.
Поважно им е што пишат, отколку како пишат
Кога лекарот би морал да помине час време со секој пациент, би можел да го забави темпото и притоа да ја одмори раката. Во реланоста, во ординацијата на пациентот цел ден поминува како на рака - во просек пациентот поминува едвај 15 минути со лекарот и во тоа кратко време, лекарот е должен да запише доста важни податоци.
Терминологијата со која лекарите се служат во својата работа исто така поттикнува лош ракопис. Замислете набрзина да морате да напишете „епидидимитис“, а притоа да немате компјутер што само ќе провери дали добро сте го напишале зборот.
- Во нашата работа користиме толку стручни терминит од кои некои е невозможно да се напишат. Понекогаш намерно пишуваме лошо за да ја скриеме грешката - вели една лекарка.
Освен тоа, некои изрази што се јасни за медицинските експерти, за просечниот пациент не значат ништо.
Лекарите кои денес главно на компјутер пишуваат рецепти и дијагнози, напоменуваат дека се особено внимателни кога станува збор за рецептите бидејќи и најмалата грешка може да има катастрофални последици.
Во Америка, каде медицинските установи и осигурителните друштва секогаш стравуваат од тужби од пациентите и членовите на нивните семејства, постојат редовни годишни извештаи. Во извештај од 2006 година утврдено е дека повеќе од 7.000 луѓе умреле од медицинска грешка предизвикана од нечитлив ракопис. Откако лекарите почнаа да користат компјутери за пишување на медицинската документација, ниту едно истражување не покажало дали годишната стапка на смртност од погрешно напишани рецепти е намалена, но лекарите се согласуваат дека се помали шансите за грешка.
Секако, ни компјутерот не е секогаш совршено помагало за работа. Уште постои можност лекарот да направи грешка, па така да напише 30 наместо 300, а самиот процес на
пишување е побавен отколку во времето кога рецептите се пишувале со рака. И бидејќи сите лекари поддржуваат постоење на медицинска документација во електронска форма, и понатаму ја користат секоја можност кога се обидуваат да пишуваат со рака.