Една од процедурите што ја забавуваат безбедносната проверка на аеродромите е правилото да се извадат лаптопите. Тие најчесто посебно се проверуваат пред да им се вратат на сопствениците.
Зошто постои оваа процедура?
Внатрешните компоненти на лаптопот, вклучувајќи ја и неговата батерија, често се премногу густи за да се проверат со машините на аеродромот. Теоретски, некој би можел да го искористи ова и да скрие оружје или забранет уред зад лаптопот. Затоа, со вадење на лаптопот, вработените може подобро да го проверат багажот, но и самиот лаптоп.
Дали оваа процедура е ефективна? Досега, да. Изминатата година бил откриен скриен нож во торба за лаптоп на аеродром во Ричмонд, Вирџинија, а истата година бил пронајден и пиштол во торба за лаптоп на аеродром во Конектикат.
Извор:
Mental floss
Насловна фотографија: Freepik