X
 02.10.2016 Образование

Писмо од професорка: „Секоја нова генерација е убедливо полоша од претходната“

Тинејџерот треба да биде бунтовен, полн со големи соништа, решен да го промени светот, убеден дека историјата ќе го запамети неговото име. Мислам, кога, ако не тогаш кога има 15, 17 години?

Тешко е да се започне овој текст, бидејќи ми е тешко да напишам дека нашите ученици се помалку интелигентни. Тоа е тешко и страшно за еден просветен работник, родител и човек да го напише. Уште потешка е можноста тоа да е вистина.  

Веќе некое време, поточно во последните неколку години, јас се борам со прифаќањето на фактот дека когнитивните способности на моите ученици опаѓаат од генерација на генерација, расте незаинтересираноста, рамнодушноста и “отапеноста“. Концентрацијата се мери во секунди, интересирањето се сведува на две или три и тоа обично два или три површни, за нивната возраст. Се разбира, јас зборувам во просек и знам дека има сјајни исклучоци, но знам дека тоа е од година во година се помалку и помалку.


професорка


Помислувам дека можеби оние различни деца отишле во гимназија! Потоа се присетувам дека во стручното училиште работам веќе 22 години, дека никогаш не сум работела во гимназија и дека своите ученици цело време ги споредувам со учениците кои поминале преку моето училиште, тоа исто средно стручно училиште.

Помислувам, се променило општеството, животната средина е различна, вредностите се различни. Тогаш се сеќавам дека природата е сепак посилна од општеството. Детето до десет години по природа за своите години  мора да биде љубопитно, блескаво, сѐ и сешто да го интересира. Тинејџерот треба да биде бунтовен, полн со големи соништа, решен да го промени светот, убеден дека историјата ќе го запамети неговото име. Мислам, кога, ако не тогаш кога има 15, 17 години?

Помислувам можеби е до родителите? Размислувам како се воспитуваат децата, дали нивните родители на тој начин направиле некоја грешка, која ја пренеле на своите деца, дали е направена некоја штета, која ќе се исправува дури во следните генерации. Тогаш сфатив дека родителите на моите ученици се само неколку години помлади од мене, дека можеби растејќи ги децата можеби поминале неколку години живот низ хиперинфлација, сиромаштија, катастрофа, растурени бракови, зависност од алкохол, војни, повратници од бојното поле со уморни очи, бомбардирање, демонизацијата на нашиот народ, појавата на турбо-фолкот, дизел моторите како главен лик, Пинк (не) култура, "опасни момци", бензин во шишиња, празни продавници, паштети и виршли, петти Октомври големи надежи, уништени надежи, тунел без светлина на крајот.

Во меѓувреме, тие станаа родители, најдобро што умеат да бидат, една генерација на родители кои не знаат за подобро, која не знае за нормално, која беше поразена во најдобрите години од својот живот.


Дали е тоа причината зошто нашите деца на ваков начин “отупеа“?


Сакам да ви се извинам вас, на родителите, што го пишувам ова. Знам дека звучи страшно и нечовечки, но вие имате едно или две деца, а мене низ училницата веројатно ми поминале повеќе од илјада, и јас не можам а да не ја видам промената која се одвива пред моите очи. Во последно време се одвива толку брзо што буквално секоја нова генерација е убедливо полоша од претходната. Повеќе не треба да поминат пет или шест години за разликата да се забележи. Сега е опиплива и е страшна.

И немојте да мислите дека размислувам само за вас, кога барам причина за тоа. Напротив! Знам дека е и до училиштето од кое некој упорно се обидува да направи не училиште, туку “шегалиште’. Знам дека е и до нарушените вредности на општеството. Сепак, и двете се на сила, најмалку десет години, а децата не остануваат на нивото од пред една деценија.

Срамежливо и со многу непријатности проверувам со колегите, дали и тие имаат таков впечаток, надевајќи се дека проблемот е можеби во моите нереални очекувања. Шепотиме за тоа, свесни колку нашите зборови звучат ужасно. За жал, со секој со кој зборував ја гледа и чувствува таа промена кај учениците.

Пред две години, се чувствував мизерно кога од оперативните планови ги исфрлив сите долги текстови. Истите овие текстови учениците пред десет години ги совладуваа како од шега. Денес, тоа може да го направат три до четири ученици во еден клас. Пред 15 години, кога мојот предмет се изучуваше во петто одделение, а не во прва година како сега, моите ученици, учениците од средното стручно училиште, со малку напор можеа да го следат темпото на гимназијата.  Точно, тие имаа три часа на странски јазик неделно, а не два како овие сега. Меѓутоа и колегите, кои ги предаваат останатите предмети, забележуваат дека материјалот на денешната генерација едноставно не им влегува во главата. Учениците те гледаат бело, не умеат да повторат што си кажал, на крајот на часот не се сеќаваат на она што било на почетокот.


Најлошо е кога ќе ги прашате за мислење


Се тресат и збунето ве гледаат. Тие не разбираат зошто ги мачиш со барање да споделат мислење за некоја тема, па дури и за тема која е блиска на нивната возраст, и може и на српски, ако е проблем да зборуваат на странски јазик. Пред некој ден јас ги прашав која би била работата од нивните соништа, кога парите не би им бил проблем. Единствено што дознав е дека немаат соништа.

Трендот продолжува со страшна брзина. Со главата сме во бездна или сме сварени жаби. Нешто е. Тоа нешто го игнорираме и го толерираме. Сега и тогаш промрморуваат во себе, се чудиме на тоа какви генерации ни доаѓаат, не ни е добро по првичните тестови, лелекаме што треба да предаваме материјал од основно училиште, дури и кога знаеме дека нашите колеги од основното училиште тоа одлично го сработиле.

Системот смисли  излез - ИОП 1. Ако детето има од било каква причина тешкотии при совладување на содржината, направи му план по негова мера, скрати му го материјалот, намали ги критериумите, остави му повеќе време за сплавови, фолкотека, турски серии. Не оптеретувај ги со барања! Не терај ги да се здобијат со знаење. Прави од себе и од училиштето будала дури и кога гледаш дека тоа едноставно не сака да учи. Не е до него, до тебе е. Така вели системот. Ишарај ја училницата, пеј им песни, учи ги преку игра, па дури и ако имаат 18 години. Забавувај ги, биди полн со оптимизам и ентузијазам, постојано со насмевка на часот и строго внимавај да не им ги повредиш нивните нежни чувства. Немој случајно да го подигнеш твојот глас! Немој случајно да го затрупаш со домашна работа! Немој да се осмелиш да го оцениш со единица, затоа што тоа не е до него, до тебе е!

Може и така.
Сè може.
Јас само не знам до што тоа води.
Не ми се допаѓа резултатот.
Последиците се катастрофални, а од мене се очекува да придонесам за нив.

Бидејќи јас сум од генерација на оние ученици кои имаја соништа и се навикнати да поставуваат високи цели, а не она што е најлесно, сонувам за тоа да се здружиме: ние, просветните работници, и вие, родителите. Да застанеме во еден глас сложно против ова “заглупувување“ на нашите деца, против пропаѓање на младоста, против одгледување на зомби генерација, која не се интересира за ништо, кои веќе се подготвени за тоа да “блееат“ во животот и го чекаат крајот на  блажената “отупеност“.

Ги зедоа нашите фабрики, рудници, дури и извори на вода. Сами одлучија дека нашите органи се државни. Со раширени раце ги прифаќаат сите западни трендови. Би помислил човек дека сме многу современи. Сега некако ни ги одземаат децата.

Ајде да се освестиме сите заедно.
Ајде барем децата да не им ги дадеме.
Ајде да им помогнеме на децата.
Се надевам дека не е предоцна.

Напишано од: Љубинка Боб Недиќ, професорка во Србија за Зелена училница
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование