Во сегашно време постојат повеќе начини на кои може да се совладаат нови вештини, а за тоа нема подобро место од интернетот. Ова се 7 веб-страници на кои можете да посетувате бесплатни онлајн-курсеви и да се збогатите со вештини.
1. „edX“
Сте се запрашале ли некогаш како би било кога би студирале на „Харвард“ или МИТ? Со “
edX“ можете да го сторите тоа. Оваа веб-страница е основана од двата универзитета за да се обезбеди глобален пристап кон квалитетно образование и поврзување на студентите од целиот свет. Можете да следите курсеви од над 1.300 предмети.
2. „
Udacity“
Оваа веб-страница нуди курсеви поврзани со софтвер инженеринг, развој на веб-страници, виртуелна реалност, анализа на податоци и слично. Курсевите се во соработка со успешни компании, како што се „Фејсбук, „Амазон“ и „Гугл“.
3. „
Code Academy“
На оваа веб-страница има курсеви и за почетници и за напредни ученици. Поделени во пет категории, преку курсевите ќе научите како да кодирате.
4. „
Alison“
800 бесплатни курсеви кои се креирани во партнерство со одлични институции од познати универзитети, како „Кембриџ“ и компании како „Мајкрософт“.
5. „Google:
Digital Garage,
Analytics Academy and
Academy for Ads“
Дигитален маркетинг и платформи за да научите како најдобро да ги искористите алатките на „Гугл“. Можете да добиете сертификат од „Гугл“ по завршувањето на секој од курсевите.
6. „
Creative Line“
На веб-страницата има пет канали каде што 24 часа, 7 дена во неделата има бесплатни часови во живо. Фотографија, видео, уметност и дизајн. Погледнете ја платформата и видете што се нуди.
7. „
Khan Academy“
Застапени се неколку предмети, но фокусот е на математиката.