Повеќето ќе ги прослават празниците во домашна атмосфера, па виртуелните тури може да бидат интересен начин за поминување на слободното време. Може да се резервираат тури со локални водичи за места низ целиот свет, од Ерусалим до Њујорк.
Божиќна тура на Стокхолм
Прошетката низ Стокхолм трае еден час. За околу 120 долари, најмногу 10 луѓе може да ја следат турата преку линк кој ќе го добијат при резервацијата.
Божиќ во Њујорк
Оваа 90-минутна виртуелна тура може да биде совршена за оние што сакаат да одат во Њујорк за време на празниците. Водичот Ибраима Дајло го истражува градот пеш и со автомобил. Тој посетува две популарни атракции за време на секоја тура, а изборот го правите вие. Турата чини околу 125 долари и може да се следи со најмногу 5 пријатели.
Празничните украси во Виена
На оваа тура може да ги видите историските згради во Виена и да научите за божиќните традиции во градот. Турата чини околу 88 долари и може да се следи со најмногу 6 луѓе.
Фото: Pixabay
Салцбург за сериозните туристи
Постои совршена тура за оние што сакаат да научат повеќе за Салцбург, Австрија. Водич од градот раскажува за историјата на Австрија и божиќните традиции, меѓу кои е и познатиот божиќен пазар во градот. Турата чини околу 190 долари и може да се следи со најмногу 5 лица.
Еврејскиот кварт во Ерусалим
За 39 долари може да учествувате во тура на еврејскиот кварт во Ерусалим. Турите траат 1-1,5 час. Оваа тура е организирана од агенцијата „Голд царпет турс“, која има и
тура што ги следи чекорите на Исус Христос, односно ги посетува местата за кои се верува дека тој ги посетил.
Дедо Мраз во Лапонија
Постои бесплатна тура на градот Рованиеми во Финска и неговото „Село на Дедо Мраз“. Преку видеото во продолжение можете да го гледате селото во живо.
Автор: Моника Бушанан Питрели
Извор:
cnbc.com