X
 11.05.2018 Наука

Научниците открија што е подобро - Учење наглас или во тишина

Времето со испитни рокови се приближува, а дел од студентите веќе се подготвуваат. Другиот дел од нив размислуваат за тоа која метода на учење е најефективна и како подобро, со помалку вложен труд, полесно да го запомнат наученото. Ваквите дилеми беа и тема на едно научно истражување, во кое е заклучено дека најквалитетно учат оние што учат наглас.

Истражувањето со наслов: „Овој пат е лично: мемориските придобивки од учењето наглас“, спроведено од Ноа Д. Форин и Колин М. Маклеод, покажало дека токму читањето наглас е најдобрата метода на помнење на прочитаното.

Во своето истражување, Ноа и Колин снимиле 75 студенти кои прочитале 160 збора наглас. Две недели подоцна истите студенти учеле 80 од тие 160 збора со помош на различни методи: слушајќи ја сопствената снимка, слушајќи снимка на други што ги читале зборовите, читајќи во тишина (во себе) и читајќи наглас. За да се уверат дека редоследот на користење на методите не влијае врз резултатите на истражувањето, студентите овие техники ги користеле по различен редослед.

Потоа им бил прикажан збор, а студентите морале да кажат дали го учеле. Било заклучено дека најефективниот метод на учење е читањето наглас (77 отсто точни одговори). Втор ефективен метод е слушање на сопствената снимка, а по него е слушање на снимката на другите. Најмалку ефективен метод за учење е читањето во тишина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука