X
 11.10.2017 Наука

Разликата помеѓу ноќните птици и ранобудниците

Ако живеете во зграда, сигурно често се соочувате со типичните проблеми како неподнослива врева, особено кога сакате слободното време да го посветите на одмор. Или, пак, вие сте член на бенд, па веќе не можете да ги издржите поплаките од еден ист станар во зградата кој постојано се жали на вревата што ја правите. Постои причина зошто овие луѓе не се „сакаат“, бидејќи сето тоа е сведено на часовникот впишан во нашите гени.


Постојат луѓе што се сметаат за ноќни птици, кои остануваат будни до доцна во ноќта, но и ранобудници кои обожаваат да се будат рано наутро и му се воодушевуваат на изгрејсонцето. Постојат низа студии кои се занимаваат со различните распореди на спиење што се поврзани со различните типови човечки мозоци. Според студија спроведена во 2016 година, разликата во деноноќниот ритам можно е да е запишана во нашите гени.

Во студијата била користена ДНК на речиси 90.000 луѓе. Истражувачите откриле 15 генски шеми кои имале тенденција да се поврзуваат со типовите луѓе што се поенергични и не спијат многу. Се заклучило дека ако имате тенденција да се будите рано, всушност вашите гени ви го налагаат тоа.

Важно е да се запомни дека деноноќниот ритам на индивидуата ретко е статичен за таа личност во текот на животниот век. Освен гените, има уште многу нешта што одредуваат кога индивидуата добива желба за спиење и колку одмор ѝ е потребен. Генерално, мажите почесто се ноќни птици, а жените се ранобудници, а и возраста игра голема улога во ритамот. Помалите деца, на пример, почесто се будат рано наутро, а тинејџерите генерално легнуваат доцна во ноќта. Многу возрасни лица со текот на годините повторно се враќаат на навиката за рано будење, но другите остануваат лица што доцна се будат во текот на целиот живот.

Често се јавува и мислењето дека оние што легнуваат доцна имаат поголема интелигенција, но се подепресивни, а оние што се будат рано се посреќни, но мора да значи и дека се поздрави.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука