X
 26.09.2018 Живот

Папата стана „е-жител“ на Естонија

Естонија, која самата се смета за најразвиена дигитална држава на светот, го прогласи папата Франциск за „е-жител“. Претседателката Керсти Каљулаид му подари на папата дигитална лична карта со која може да пристапи до естонските јавни и приватни услуги.

Иста повластица при државните посети веќе добија јапонскиот премиер Шинзо Абе и германската канцеларка Ангела Меркел.

Пред три години 81-годишниот поглавар на Католичката црква не знаеше ништо за компјутерите. Не се знае дали оттогаш нешто се променило.

Во говорот кај естонската претседателка папата со резерва зборуваше за технолошкиот напредок, предупредувајќи на ризикот од оттуѓување и егзистенцијални кризи во технолошки високо развиените општества.

Тој истакна дека слепата верба во технологијата не би требало да води кон губење на способноста за создавање интерперсонални, меѓугенерациски и интеркултурни врски.

Папата ја посети Естонија на крајот од турнејата низ балтичките земји.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот