X
 26.09.2018 Технологија

Возачките дозволи во Данска стануваат дигитални

Пластичните возачки дозволи веќе нема да им бидат неопходни на данските возачи бидејќи наскоро ќе биде воведена дигитална верзија.

Возачката дозвола ќе стане првиот документ за идентификација што ќе се дигитализира, соопштија од данското министерство за финансии.

До дозволите ќе може да се пристапи преку апликација. Така, паметниот телефон ќе биде единственото нешто што ќе биде потребно за да се покаже валидна возачка дозвола. Тоа и има смисла бидејќи многу Данци веќе ги користат телефоните за онлајн-банкарство и друго.

- Повеќето луѓе денес имаат паметни телефони и тие станаа важен дел од секојдневниот живот. Мобилните речиси целосно ги заменија паричниците, па има смисла возачките да се стават во телефоните за секогаш да бидат при рака - истакна министерката за иновации во јавниот сектор, Софи Лехде.

Дигиталните возачки нема да ги заменат физичките, туку ќе бидат дополнување и до нив ќе може да се пристапи преку апликацијата која ќе се отвора со отпечаток од прст или со безбедно логирање.

Иако розовите картички нема да бидат надвор од употреба, администрацијата може да стане поефикасна со дигитализацијата, смета министерот за транспорт Оле Бирк Олесен.

Се очекува апликацијата да биде достапна до крајот на 2020 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија