X
 26.10.2021 Наука

Компанијата на Џеф Безос ќе гради комерцијална вселенска станица во орбитата

Животот во вселената станува реалност. „Блу ориџин“, вселенската компанија основана од милијардерот Џеф Безос, и компанијата за ракети „Сиера спејс“ објавиле план за изградба на комерцијална вселенска станица.

Станицата, која ќе биде наречена „Орбитал риф“, ќе се наоѓа во долниот дел од орбитата на Земјата и ќе претставува место наменето за приватни фирми, индивидуалци и владите што сакаат да имаат адреса во вселената. Според плановите, вселенската станица ќе биде ставена во функција до втората половина на оваа деценија.



Вселенската станица ќе нуди сместување, но и возила и други услуги. На неа ќе бидат добредојдени и вселенските туристи.

Освен „Блу ориџин“ и „Сиера спејс“, вселенската станица финансиски ќе ја поддржат и други компании, меѓу кои „Боинг“, но и државниот универзитет во Аризона.

Минатата недела компаниите „Локхид Мартин“ и „Наноракс“ објавиле план за своја комерцијална вселенска станица, а сличен план има и компанијата „Аксиом спејс“.

Извор: Cnet
Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука