X
 26.11.2018 Живот

Норвешка го отвора првиот подводен ресторан

Во април Норвешка ќе го отвори својот прв подводен хотел-ресторан, кој ќе има капацитет за 80-100 гости, но ако некој сака да резервира сега, треба да биде свесен дека првите шест месеци се веќе закажани.

Хотелот „Андер“ е сместен пет метри под морето, во најјужното норвешко приморје, близу населбата Боил. А она што е највпечатливо е широката панорама на подводниот свет и евентуалното осветлување на дното, кое би нудело незаборавен поглед кон морето, но сѐ уште е во фаза на осмислување.

 - Хотелот е комплициран и уникатен... Неверојатно искуство за сите гости поради местоположбата, архитектурата, ентериерот, погледот и секако - врвната кујна - изјави Арне Мартинсен, менаџер на компанијата „Суб-мар груп“, која е одговорна за овој проект.

Одговорен за менито е познатиот дански готвач Елицгард Педерсен и на него ќе се најдат хранливи производи и морски плодови карактеристични за областа.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот