X
 12.11.2020 Живот

Дел од овој ресторан во Норвешка се наоѓа под вода

Николај Елитсгард ја добил првата ѕвезда „Мишелин“ во март годинава. Тоа е речиси по една година откако го отворил ресторанот „Андр“, што се преведува како „под“. Меѓутоа, тоа беше и време кога властите почнаа да воведуваат мерки за ограничување на движењето за да се спречи ширењето на коронавирусот. Затоа малку се зборувало за неговиот ресторан, иако е еден од најуникатните во светот.

Ресторанот се наоѓа на јужниот брег на Норвешка, во одморалиштето „Линдеснес“. Архитектонската фирма „Снухета“ го дизајнирала ресторанот кој делумно е потопен во вода. Поточно, 5,5 метри од ресторанот се наоѓаат во Северното Море. Во него има прозорци со големина од 27 квадратни метри низ кои може да се гледа сè што се наоѓа под површината на морето.



За време на пандемијата, како и многу други бизниси во Норвешка, ресторанот бил спасен благодарение на владината поддршка за компаниите, а повторно бил отворен на почетокот од мај.

Пред пандемијата над половина од гостите на ресторанот биле од странство, но сега тие најчесто се Норвежани. Кризата им дала шанса на мештаните да ручаат во ресторанот во кој можеби не би ни добиле резервација.



Ресторанот нуди локална храна, а најуникатниот оброк што може да се најде на менито е 100-годишна школка со аспарагус и свежо сирење.

Автор: Франческа Бјанко
Извор: montecristomagazine.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот