X
 26.12.2015 Образование

Учениците треба да учат за ментално здравје уште во основно образование

Менталното здравје треба да биде вметнато во британските национални програми за основното образование, смета тамошната советодавна група за ментално здравје кај учениците, пренесува „Гардијан".

Оваа група која била формирана по неколку направени клинички истражувања, смета дека од суштинско значење е проблемите да се превенираат на што помала возраст.  

Сузана Пејџ, член на оваа група вели: „Првиот чекор во справувањето со менталното здравје треба да започне рано, во процесот на учење, да се разговара со нив за тоа што е менталното здравје и како можат да имаат добро ментално здравје. Тоа дефинитивно треба да биде дел од националната програма, заедно со сексуалното образование".

Едно од 10 деца и млади луѓе во Велика Британија имаат некое ментално нарушување. Според Кралскиот колеџ за педијатрија и детско здравје, 75 отсто од овие млади луѓе не ја добиваат потребната помош, често поради недостаток на свесност кај оние околу нив.

Од почетокот на оваа година британците потпишуваат петиција со која бараат менталното здравје да се внесе во наставните програми. Досега се собрани 30.000 потписи, а потребни се 100.000 за да се најде прашањето на дебата пред пратениците. Петицијата ја иницирал 25-годишниот Фојез Сајед, докторант на Универзитетот Шефилд, кој имал опсесивно-компулсивно пореметување кога бил на 14-годишна возраст. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование