X
 26.12.2017 Наука

Што е всушност ѕвездата од Витлеем?

Минатото е преполно со легенди, а сегашноста е исполнета со објаснувања. Човештвото се обидува да даде одговор на низа прашања што го мачат со години. Тука спаѓаат и природните феномени, како и настаните што се пренесени преку митови и религии. Една од нив е приказната за ѕвездата од Витлеем.
Една работа е сигурна. Што и да било тоа што го следеле трите мудреци, не било само ѕвезда. Има неколку теории кои објаснуваат што всушност се случувало.

Комета

Се претпоставува дека можеби се работело за Халеевата комета што поминала покрај Земјата околу 11 или 12 година пр.н.е. и бидејќи не е познато сигурно кога се родил Исус, тоа би можело да биде вистинската временска рамка. Единствениот проблем е што кометите тогаш најверојатно се гледале како лош знак, па мудреците не би следеле нешто што најавува несреќа.

Супернова

И тука се совпаѓа временската рамка. Кинеските и корејските астрономи набљудувале супернова од периодот околу 5 година пр.н.е. Ако ова е „виновникот“, тогаш можеби навистина била ѕвезда што ги довела до пустината. Но, проблемот е што суперновата биле едвај видлива.

Венера

Некои астрономи велат дека можеби била ѕвезда што се појавувала наутро, кога сонцето изгревало. Никоја друга освен планетата Венера. И ова е само претпоставка.

Решение што е издржано

Постои одговор кој изгледа дека добро го следи она што Библијата го тврди за ѕвездата од Витлеем. Астрономот Дејвид Хјус истакнува теорија според која се претпоставува дека не се работело за еден космички настан, туку за три. Поточно, бил истиот настан, но три различни времиња. Неверојатно ретка врска на планетите Сатурн и Јупитер, односно нивно порамнување, и тоа во три различни времиња – 29 мај, 29 септември и 4 декември. Ова се случува на секои 900 години, па затоа е и нешто воодушевувачко.

Се претпоставува дека мудреците ги набљудувале сите етапи од случката во нивниот роден град (најверојатно Вавилон), потоа додека го напуштале Ерусалим, а третиот пат сигурно бил толкуван како предупредување да не му се каже на кралот Херод за она што го виделе.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука