Најактивниот европски вулкан, планината Етна на италијанскиот остров Сицилија, во понеделникот исфрлал лава во исто време додека, како што тврдат службените лица, биле забележани повеќе од 130 земјотреси со јачина и до 4,3 степени.
Ова е првата странична ерупција на Етна по повеќе од десет години. Вулканската пепел ги покри селата во близина, додека полетувањата и слетувањата на аеродромот во Катанија се привремено запрени.
Силната експлозија се почувствувала во близина на Етна во текот на утрото. Најголемото тресење е забележано на североисточниот дел од Етна, а и на северниот дел се регистрирани земјотреси со слична јачина. Следувале интензивни ерупции од новиот југоисточен кратер на вулканот. Подоцна во текот на денот е забележано тресење со јачина од 4,3 степени - најјако во текот на денот.
Иако ерупциите на Етна се чести, италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) во август соопшти дека вулканот е поактивен од претходните години. Во март тим предводен од експерти од Велика Британија соопшти дека целата структура на овој вулкан годишно се поместува за 14 милиметри кон морето.
Погледнете ги
фотографиите што покажуваат колку е мал човекот во однос на моќта и величественоста на природата.