Додека Австралија се соочува со пожари, Филипините се погодени од друга природна катастрофа. На 12 јануари еруптира вулканот Таал, кој се наоѓа на големиот остров Лузон, испуштајќи пепел и пареа на височина од 8 километри на небото. Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека вулканот влегол во период на нестабилност што прераснал во магматска ерупција и сериозно исфрлување лава со грмотевици и удари од светлина.
Директорот на институтот, Ренато Солидум, го зголемил нивото за паника на максимално ниво 5 и сега се верува дека е можна опасна експлозивна ерупција во период од неколку часа до неколку дена.
Институтот нареди евакуација во градовите Балет, Сан Николас и Талисеј во Батангас и во други градови на брегот на езерото Таал. Додека луѓето го гледаа вулканот со страв и воодушевување, некои успеале да направат неверојатни фотографии.
За жал,
бројките не се во корист на жителите. Се чини дека ќе се случи потешка експлозивна ерупција, а Канцеларијата за координација на хуманитарните работи на Обединетите нации издаде извештај за состојбата во кој се вели дека 459.300 лица се наоѓаат во рамките на опасната зона од 14 километри.