X
 06.02.2023 Живот

Дали овој институт го предвиде земјотресот во Турција?

Порано или подоцна ќе има земјотрес од околу 7,5 степени во регионот на Југоцентрална Турција, Јордан, Сирија, Либан.

Ова е твит на холандскиот истражувач Франк Хугербитс напишан на 3 февруари, кој утринава наметна дебата и дилема на социјалните мрежи за тоа дали може да се предвиди земјотрес. Хугербитс работи за Институтот за истражување на геометријата на Сончевиот Систем (ССГЕОС), кој ја следи геометријата меѓу небесните тела поврзана со сеизмичката активност.

На страницата на Институтот на 2 февруари е објавено дека од 4 до 6 февруари може да има поголема сеизмичка активност, најверојатно со магнитуда од 6 степени.
Јужниот дел на Турција беше погоден од земјотрес рано утринава кој се почувствувал и во Сирија, Либан и Израел. Земјотресот со јачина од 7,8 степени имал епицентар на околу 30 километри од Газиантеп. Околу 11 минути по овој земјотрес бил почувствуван уште еден со јачина од 6,7 степени.

Стотици луѓе ги загубија животите, а материјалните штети се огромни.

Фото: Twitter

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот