На булеварот „Србија“, на пешачкиот премин во близина на Полициската станица Ново Лисиче, денеска ќе биде пуштен во употреба првиот тастер со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин, пренесува МИА.
Станува збор за донација од компанијата ОКТА како дел од кампањата „Јас внимавам“, во чии рамки вакви современи уреди ќе се постават на повеќе семафори на булеварите во Скопје.