Ќерката на Георгиева- Павловски која била на привикнување во оваа градинка била постојано вознемирена, а на прашањата на мајката зошто не сака да оди во градинка одговарала: „Децата кои не слушаат стојат во шкаф или пред шкаф“. Ова било аларм за мајката-педагог дека нешто несоодветно се случува во градинката
Тригодишно девојче од Ново Лисиче се плаши да оди во градинката „Буба Мара“ бидејќи негувателките наводно децата ги затворале во шкаф, но и физички ги казнувале, обвинува мајката Марија Георгиева –Павловски.
Директорката на градинката, за Деца. мк вели дека е запознаена со случајот и дека во тек е истрага. Ако се покаже дека има несоодветно постапување од страна на вработените ќе има дисциплинска постапка.
Прочитајте ја во целост информацијата на ОВОЈ ЛИНК.