Илон Маск сепак не доби дозвола за изградба на својот мега-брз тунел помеѓу Њујорк и Вашингтон.
На крајот на јули, Маск на својот профил на „Твитер“ напиша дека добил „усна дозвола од владата“ за изградба на тој амбициозен проект.
Меѓутоа, советникот на Белата куќа во едно свое интервју откри дека најверојатно станува збор за недоразбирање, како и тоа дека Маск не добил никакво усно „зелено светло“.
Сè уште никој од компанијата на Илон Маск, „The Boring Company“, не сакаше да го коментира овој напис, но медиумите се уверени дека договорот околу градењето на тунелот наречен „Hyperloop“, бил големо недоразбирање.
Официјалната дозвола за градење инфраструктура како „Hyperloop“ би требало да помине низ повеќе нивоа на власт. Накратко, едно
усно „зелено светло“ сигурно не е доволно за изградба на еден толку голем систем за масовен јавен превоз.