KFC ја продолжува својата успешна приказна и го отвори шестиот ресторан во земјава, овој пат на бензинската пумпа „Окта“ во Ново Лисиче.
Со модерен и привлечен амбиент, ова е совршеното место за гостите да ги доживеат омилените класици на KFC, па и да пробаат нешто ново и вкусно од разновидното мени.
Новиот ресторан ветува вкусно гастрономско искуство што ја доловува долгогодишната традиција на
KFC. Од моментот кога ќе поминете низ вратите, ќе ве дочека добро познатиот мирис на свежо подготвено, светски познато пилешко по нивниот оригинален рецепт.
Сѐ започна со полковникот Сандерс и неговите 11 зачини, оригиналниот рецепт кој го освои срцето на многумина од вас.
Сега, со секоја нова локација,
KFC додава уште едно поглавје во оваа вкусна приказна. Новиот ресторан е дел од растечкото семејство - каде што секој ресторан е доказ за врвниот квалитет, неверојатниот вкус и добрата услуга.
За уште многу моменти на радост, нови почетоци и, се разбира, незаборавни вкусови!
(Комерцијална објава)