X
 01.02.2017 Живот

Импресивно: Студентка изработи „мапа на допири“ на телото

Деветнаесетгодишната студентка на уметност, Ема Крензер од Небраска, ја сподели фотографијата од нејзиното уметничко дело на социјалните мрежи. Реакцијата е недвојбена: импресивно!

Откако ја фотографирала својата гола пријателка, ја изработила фотографијата во природна големина и врз неа оставила отпечатоци на раце во разни бои кои симболизират допири од разни личности од нејзиниот живот.

„Го направив ова примарно пред себе да прикажам какви трајни последици може да остави нечиј допир врз некого. Размислував за она што мене ми се случуваше, а што на другите луѓе“, вели Ема.

Виолетовата боја ги претставува допирите од мајката, сината – таткото, зелената - браќата и сестрите, жолтата е боја на пријателите, портокаловата – на љубовните партнери, додека црвената ги симболизира допирите на лицата на кои им кажала „не“.





Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот