Доктор Џастин Кулсон е познат австриски психолог, стручњак за развој на децата и татко на 6 девојчиња. Тој, сепак, најпознат е по својот став: дека не им дозволува да пишуваат домашни задачи до средно училиште.
Тој смета дека нема никаква корист од нив додека се во основно
училиште. Тој на почетокот на секоја година праќа писмо до управата на училиштето да објасни зошто ова важи за неговите ќерки. Тој својот став го брани и со фактот што многу истражувања покажале дека домашните задачи дури имаат и негативно влијание.
Освен тоа, тие ги изложуваат децата на непотребен стрес, а исто така децата кои се оптеретени со многу домашни често се соочуваат со депресија и анксиозност. Тоа се и главните причини зошто д-р Кулсон им ги забранува на своите ќерки.
Тој смета дека домашните задачи се потполно непотребни ако детето нема потешкотии во учењето и ако предвидениот материјал го совладува без проблеми. Дополнува и дека децата треба да бидат деца, а време за домашни задачи секако ќе има. Но, според него постои нешто што сите родители треба да го практикуваат и што е од суштинска важност за развој на интелектуалните способности кај детето: додека се мали треба да им читате, читајте им кога се одморени, и кога сте уморни и немате сили да се помрднете. Дајте значење на она што го читате со интонацијата, правите паузи, правите паузи дали Ве разбрале, објаснувајте, а кога ќе научат да читаат сами, радувајте се на тоа.