X
 27.01.2019 Наука

Судбоносниот часовник и понатаму отчукува две минути до полноќ

Минатата година судбоносниот часовник беше најблиску до полноќ во историјата на неговото постоење.

Овој часовник, кој ја симболизира неминовноста на глобалната катаклизма, и оваа година остана на истото место благодарение на двете симултани егзистенцијални закани - климатските промени и нуклеарната војна, како и зголемената загриженост поради напорите да се прикрие вистината и војната со информациите.

Судбоносниот часовник е шармантна реликвија од Студената војна - или барем беше, до моментот кога почна да се доближува до полноќ. Научниците првично го создале за да можат да измерат колку светот бил блиску до нуклеарно уништување, започнувајќи од 1947 година. Но, почнувајќи од 2007 година, се прошири и сега се вклучени и климатските промени.

часовник
Фото: АР


Во 2018 година часовникот стигна на две минути до полноќ, слично како во 1953 година, кога се сметаше за најопасен период за човештвото. И во 2019 година часовникот не го менува местото.

- Се чини дека нормализираме еден многу опасен свет во однос на ризикот од нуклеарно оружје и климатските промени - изјави Рејчел Бронсон, претседател на Организацијата „Билтен за атомска наука“, на конференцијата за новинари.

Овие „чувари“ на крајот на времето го оставаат часовникот на две минути до полноќ поради неколку причини. На нуклеарен фронт, новите проектили распоредени од Русија, континуираната нестабилност на Северна Кореја и непредвидливото однесување на претседателот Трамп го зголемуваат ризикот од нуклеарна војна. И сајбер-војната е дестабилизирачка сила за нациите, како што е нападот врз нашата споделена реалност. Овие напади се особено изразени кога станува збор за климатските промени, што создава сценарио излезено од кошмарите.

- Новата абнормална клима што ја имаме е крајно опасна и се движиме кон тоа да ја направиме уште поопасна - изјави Сузан Соломон, климатски научник на Институтот за технологија во Масачусетс.

Ништо од ова не вели дека треба да стигнеме до полноќ. Иако е прилично мрачно бидејќи светот е на чекор до уништување, важно е да се знае дека часовникот се има вратено назад. Бронсон вели дека целта на часовникот е да ги натера луѓето да зборуваат за ризиците со кои се соочува човештвото, како и да предизвика акција од нивна страна. Светот само треба да побрза бидејќи наскоро ќе нема време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука