X
 24.10.2016 Наука

Првата планета погодна за живот - денес е вистински пекол!

Венера денеска е олицетворение на пеколот - температурата на која се топи олово, отровни облаци од кои врне сулфурна киселина - но оваа планета некогаш била далеку повеќе слична на Земјата, а можеби и била првата погодна планета во Сончевиот систем.

 

 

 

Ова го покажала една нова студија која се основа на податоците собрани од страна на јапонската летало „Акацуки“, кое се наоѓа во орбитата околу Венера.


- Да сте живееле пред три милијарди години на ниска географска ширина и ниска надморска височина, температурите на површината би биле како во тропските предели на земјата, рекол Мишел Веј, еден од авторите на истражувањето.

 

- Океаните на античка Венера би имале константна температура, а ако животот почнува од океаните тогаш ова би била добра почетна точка, смета Веј.

 

Научниците, сите достапни податоци ги ставиле во сложената симулација за климатските промени и заклучиле дека Венера имала океани со длабочина од 2 километри. Доколку навистина постоеле би можеле да опстанат до пред 715 милиони години, што е доволно долг период на климатска стабилност, така што би можело да дојде до појава на првите облици на живот.

 

Денеска Венера е најтоплата планета во сончевиот систем, иако се наоѓа подалеку од Сонцето отколку Меркур. Просечната температура на површината достигнува до 462 степени, а атмосферата е преполна со јаглерод диоксид, кој во минатото на оваа планета довел до ефект на стакленик.

 

Сондите кои САД и СССР ги испратиле на Венера би преживеале само неколку часа пред да ги уништат пеколните услови на површината.

 

Планетолозите се надевале дека со леталото „Акатсуки“, ќе се најдат нови податоци кои би овозможиле подобра симулација на геолошкото минато на Венера.

 

„Акатсуки“ е јапонска сонда која требало да ја започне својата мисија, да орбитира околу Венера во 2010 - та година, но имала сериозен дефект на главниот мотор.

 

Следните пет години „Акатсуки“ поминала во хибернација, кружејќи околу сонцето како вештачка планета, а во декември минатата година успешно влезе во орбитата околу Венера со помош на маневрирање мотори.


Леталото на крајот влегло во елипсовидната орбита која траела 9 дена, па складирала значително помалку податоци отколку што би можела кога би ја постигнала планираната орбита во период од 30 часа.

 

Иако ќе открие повеќе детали за геолошкото минато на Венера, не може да се трага за знаците на некогашен живот на таа планета, сметаат научниците.

 

- Технологијата треба да напредува, а за тоа се потребни многу пари. Секако да се направи и летало кое ќе може да слета и да преживее на површината на Венара. Но, ако вложиме во тоа, ќе може да трагаме по значите на живот, па дури и по хемиски траги, велат научниците.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука