X
 03.06.2022

Дизајниран дрон што лета и нурка под вода

На Империјалниот колеџ во Лондон е создаден проект за нов тип беспилотни летала, дизајнирани да се движат по вода или воздух, со уникатни можности за „приклучување“ на која било цврста површина. Таков уред би можел да биде наменет за спасувачи или служби кои трагаат по повредени, бидејќи може да се приспособи на условите. При летање во воздух, пропелерите на дронот целосно се расклопуваат, создавајќи максимална пловност. Oсвен тоа, моторите на леталото можат да „пливаат“ под вода или на површината.

Инспириран од риба


Покрај двата начина на работа, вода и воздух, на истиот дрон е додадена и посебна леплива површина, инспирирана од риби, која може да се прицврсти на влажна или сува површина. Така, овој дрон може да се „влече“ покрај друго водно или копнено возило, а истовремено да „одмара“, т.е. да штеди батерија.

Авторите на овој дрон и на придружниот труд во списанието „Сајнс“ велат дека тестовите покажале дека тој може да ја помине бариерата помеѓу водата и воздухот за само 0,35 секунди и да се трансформира од подморница во воздушен дрон. Оваа технологија сѐ уште е во фаза на концепт, но покажува дека иднината на автономните авиони или пловни објекти може да биде заедничка, т.е. дека обичните летачки квадрокоптери, со неколку модификации, можат да почнат да ги извршуваат своите задачи во различни средини.



Извор: Bug.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk