X
 22.02.2024 Образование

Правниот факултет при УКЛО - партнер во проект за подобрување на програмите за третман на осуденичките

Како дел од 2023 Alumni Engagement Innovation Fund, на вон. проф. д-р Ангелина Станојоска, која е Фулбрајт алумна (Fulbright Visiting Scholar 2021) заедно со уште една колешка која е алумна од Фулбрајт студент програмата 2021/2022, им е доделен грант за нивниот проект „Подобрување на дигиталните способности и вештини на жените осуденички во Република Северна Македонија“ (DiCapSIW). 

Партнери во проектот се Правниот факултет при УКЛО и Управата за извршување на санкциите, а тој се имплементира преку НВО Сина светулка – Скопје.

uklo

Целта на проектот е поддршка и подобрување на програмите за третман на осуденичките во Северна Македонија и подобрување на процесот на ресоцијализација и рехабилитација. Со достигнување на проектните цели, намерата е подобрување на третманот и зголемување на можностите за успешно реинтегрирање и изградба на подобар живот во заедницата на осудените лица.

Втората фаза од проектните активности започна од 31.1.2024 година со одржување на двете обуки за дигитални вештини за осуденичките. Обуките се одржаа во женското одделение на КПД Идризово во периодот 31.1-2.2.2024 година и 7.2-9.2.2024 година. Обуките ги водеше доц. д-р Благој Неновски, додека на обуките беа присутни и проектната координаторка, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и вон. проф. д-р Ице Илијевски, кој е дел од проектниот тим.

2

Проектот ќе трае до септември 2024 година, а во својот план за активности вклучува еднодневна работилница која ќе се организира на Правниот факултет во мај 2024, потоа изработка и печатење на Прирачник за дигитални вештини кај осуденичките и негова промоција со завршен настан во Скопје во септември 2024 година.

(Кoмерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование