Две годишно девојче од Тајланд стана најмладата личност која ќе биде криогенски замрзнато, зачувувајќи ги нејзините моменти од мозокот после смртта со надеж дека таа еден ден ќе биде вратена во живот.
Просторијата кадешто Материн Наоваратпонг ги поминала последните неколку месеци од нејзиниот живот е празна и бела, со една златна будистичка статуа, неколку од нејзините играчки и портрет од девојчето на ѕидот.
Материн имала ретка форма на рак на мозокот веднаш после нејзиниот втор роденден. Таа починала на 8 февруари 2015 година, непосредно пред да наполни 3 години. Но, тогаш нејзините родители, кои и двајцата се медицински инженери, донеле одлука со надеж дека еден ден ќе и` дадат на нивната ќерка уште една шанса за живот.
„Уште првиот ден откако дознавме дека е болна, оваа идеја ми дојде на ум дека можеме да направиме нешто научно за неа, колку што е човечки возможно во моментов“, вели нејзиниот татко Сахаторн. „Вистински конфликт се случуваше во моето срце во врска со оваа идеја, но исто така беше нешто кое морав да го земам во предвид“.
Идејата беше да се зачува таа преку технологијата позната како крионогетика. Телото, односно во случај на Материн само мозокот, е ставен во длабоко замрзната состојба во моментот на смртта, и зачуван се` до одреден момент во иднината, кога ќе се случат напредни достигнувања во медицинската технологија со што таа би можела да биде оживеана, и да биде создадено ново тело за неа.
„Како научници ние сме 100% сигурни дека ова ќе се случи еден ден - само не знаеме кога. Во минатото можеби мислевме дека ќе бидат потребни 400 до 500 години, но сега можеме да замислиме дека ова може да се случи за 30 години“.
Најпрво било тешко да се прифати оваа идеја од целото семејство, меѓутоа кога се влошило здравјето на Материн, идејата дошла во предвид.
Сатарон и неговата сопруга Нареерат имаат три други деца. На Нареерат морало да и` биде отстранета матката после првото породување, такашто Материн и нејзиниот помал брат и сестра биле зачнати со вештачко оплодување. Како што велат тие, технологијата играла централна улога на самиот почеток од нејзиниот живот, и би можела да помогне во нејзиното оживување.
Во нејзиниот ум, мислите и личноста на Материн биле сочувани заедно со нејзиниот мозок, и во некоја фаза ќе биде доволно за да се реконструира нејзиниот живот. Тој и неговата сопруга, исто така планираат да ги зачуваат нивните тела криогенски, иако тој вели дека постојат минимални шанси повторно да се сретнат со нивната ќерка.
Науката со која се одложува смртта
Компанијата која го замрзна мозокот на Материн „Аlcor“ вели дека нивната операција е експеримент во буквална смисла на зборот. Тие не ветуваат втора шанса за живот, но велат дека крионогенетиката е напор да се спасат животи.
Како што велат тие, вистинската смрт се појавува тогаш кога телото кое умира започнува да се затвора и неговите хемикалии стануваат толку неорганизирани што медицинската технологија не може да ги врати. Технологијата на иднината би можела да го врати овој процес.
Моментите откако еден клиент ќе биде прогласен легално мртво, телото е ставено во вештачко одржување во живот и крвта е заменета со средства за зачувување.