Пишува: проф.д-р Марјан Ѓуровски, Проректор на УКЛО
Треба да сфатиме дека концептот на економски стабилна држава неизбежно се темели и повикува на образованието. Потребни се образовни политики кои ќе изградат култ од образованието како најважен државен, национален и економски ресурс, наместо негова маргинализација и потценување.
Науката и високото образование не треба да се третираат како потрошувачка, туку како најважна продуктивна сила на општеството. Три децении имаме континуирано ниско ниво на јавни вложувања во високото образование и научно-истражувачката работа, најниско во регионот и пошироко.
Каква наука и високо образование ни се потребни и дали постојниот модел е добар, функционален, исправен, продуктивен и нè вади надвор од оваа состојба повеќе децецински наследена состојба?!
Дали е потребна радикална промена во концептот на високото образование и науката, дали се создава кадар за пазарот на труд? Само преку одговор на овие прашања ќе ги согледаме сите аномалиите на македонската парадигма.
Кога стремиме кон ЕУ и започнувањето на преговорите за членство, треба да го имаме предвид ставот на Европската комисија дека Европската Унија мора да ги зајакне трите пола на триаголникот - знаење - образование - истражување и иновации.
Бизнис-секторот не е вклучен целосно во процесот на програмирање и финансирање на високото образование и научните истражувања и има најниско учество во технолошко-иновациската дејност во регионот.
Наместо умови, надвор да извезуваме успешни приказни, затоа што знаењето е единственото богатство што никој не може да го одземе.
Темата високо образование, научно истражувачка работа, техничко-технолошки развој конечно треба да станат доминантни и клучни теми во јавната дебата бидејќи тоа е единствената сфера која влијае на сите други сегменти во општеството.
Зошто постои демотивација кај студентите и наставниот кадар?
Високото образование во изминатиот период ги преживува сите негативни тенденции во македонското општество. Зошто постои демотивација кај студентите и кадарот? Сите треба да работиме на надминување на оваа состојба. Кога не еден од најпрестижните факултети во земјата едно истражување покажало дека од 300 студенти во завршните години 250 студенти би сакале да ја напуштат државата, тогаш има ли посериозно прашања?!
Соработката помеѓу бизнис заедницата и универзитетите придонесуваат за унапредување на капацитетите на идната работна сила. Придобивките од развивањето на заеднички програми ќе бидат видливи и корисни за сите инволвирани страни.
Треба да се идентификуваат начините за подобрување на квалитетот и квантитетот на практиканството, можностите за користење на повеќе практични примери од компаниите во текот на студирањето, вклучувањето на претставници од бизнис заедницата како гости предавачи на факултетите како и начините за зголемување на бројот на специјализирани програми подготвени соодветно на барањата на конкретна компанија.
Пракса и конкуретност
Оспособувањето на студентите за практична работа уште во текот на студиите е значаен фактор за зголемување на нивната конкурентност и способност за побрзо наоѓање на работа. Компаниите во современата економија очекуваат дека дипломците веќе имаат познавање од практична работа со што се намалуваат нивните трошоци за нивно дооспособување.
Во Северна Македонија, најчесто соработката се заснова на програмите за доделување на стипендии; примање на практиканти на краток временски период; некогаш спонзорирање на студентски активности и настани, како и повремени предавања на искусни професионалци.
Компаниите и универзитетите мора да ја продлабочат својата соработка на повеќе начини, како на пример: развој на план за соработка, интегрирани вежби за учење, кооперативно учење, истражувачки и инкубирани компании.
Преку овие модули на соработка, новата работна сила во Северна Македонија ќе има можност да остане конкурентна.
Практикантството на студентите е од исклучителна важност како за нив, така и за компаниите, но и економијата воопшто. Дојден е часот, кога треба да го преиспитаме односот меѓу образованието и реалните потреби на бизнисот и општетството. За нашите студенти и компании да бидат вистински конкурентни, мора целосно да се надмине состојбата во која понудата не одговара на побарувачката.
Има модели со кои може да се надминат ваквите состојби преку поголема застапеност на бизнисот во програмите за високо образование, да се зголеми практичната работа, и да се посвети внимание на развојот на вештините на студентите кои подоцна практично ќе ги применуваат. Потребна е економија втемелена на знаења, економија која ќе се гради на тројно партнерство меѓу универзитетите, приватниот сектор и државата.
Треба да изградиме иднина за младите, но и млади за иднината. Да им овозможиме натпревар на резултатите на нивниот ум и труд. Нив треба да ги подготвиме да се соочат со предизвиците што ги носи животот во 21 век и постпандемијата.
Апликативни истражувачки теми за магистерски и докторски трудови
Ова е свет кој многу брзо се менува и во кој има голема конкуренција. Затоа треба да се осигураме дека амбициите на овие млади луѓе можат да се напреваруваат со останатиот дел од светот и да ги прошируиваат македонските компании и надвор во светот, тогаш бизнис заедницата и универзитетите треба да работат заедно и да овозможат тие да добијат вештини кои ги бараат македонските работодавачи.При реализација на намерата: потребно е да се дадат одредени апликативни предлози за теми за дипломски, магистерски и докторски трудови на Универзитетите од бизнис заедницата, на тој заедно да си помогнеме, и тоа е една од формите за подобрување високото образование и се унапредува квалитативно работата на реалниот сектор со соодветен стручен и обучен кадар.
Свесни сме дека постои реален вакуум во нашиот образовен систем. Недостигаат практичната настава и апликативно знаење. Цената за тоа ја плаќаат младите кадри, компаниите, но и македонската заедница.
УКЛО воспоставува поблиска соработка со бизнис заедницата со што на студентите им се дава можност својата иднина и кариера ја пронајдат во компаните. Ги поврзуваме студентите и академскиот кадар со бизнис заедницата, бидејќи и клучната улога на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење, познат под акронимот КРЕДО центар, е да им помогне на студентите на УКЛО во развивањето на знаења и вештини кои ќе им бидат потреби при вработувањето, преку можноста за практиканство во компаниите, да им помогне дво стекнување работно искуство за време на студирањето, да ги запознае со деловниот свет и да ги подготви студентите за успешна транзиција кон следното ниво на развој на кариерата по дипломирањето.
(Комерцијална објава)